ФДМ реагира по повод случувањата на почетокот на претседателската кампањата

Од:

Од Форумот за демократска Македонија изразуваат загриженост за кој се одвиваат активностите во почетниот период од кампањата за претседателските избори.

“Се забележува тенденција кон градење на култови на личности, појава која ја практикуваше претходната власт на Груевски/Ахмети, а против која ние, кои произлеговме од движењата „Протестирам“ и „Шарената револуција“ протестиравме и се спротиставувавме. Исто така, на некои од последните предизборни настани, кандидатите за претседател се служат со политички пораки наменети за одделни (своите) групи на гласачи, а не со пораки кон сите граѓани, со што кампањите често потсетуваат на кампањи за парламентарни избори, а не на кампањи за избори на претседател на државата.” – велат од таму.

Како што истакнуваат од ФДМ, градењето култ на личности е појава која не носи прогрес и добробит на ниту еден народ и општество.

Според нив, изборните штабови на сите кандидати треба да развијат механизми и начини како да се справат и на соодветен начин да реагираат, на ваквата негативна појава на која бевме сведоци во поблиската историја на Maкедонија.

ФДМ смета дека учесниците во изборните активности од сите страни на политиката во Македонија треба да изградат рамка на дискусија во интерес на сите граѓани, во рамките на овластувањата на претседателот и да ги споделат своите идеи и заложби за тоа како најдобро би ја извршувале таа функција.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон „А1он“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на власта е да се намали масовноста на протестите на културните работници

А1он

Промовирање на програмата на 9. Филозофски филмски фестивал

Ана Ололовска

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ21

МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците

Миликије Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21 и побара расветлување на случајот

Татјана Ташкова