По почетокот на предизборната претседателска кампања, освен митинзи, средби со граѓани и дуели, сведоци сме и на многу забавни моменти, гафови и срцепарателни изјави на граѓани. Во изминатава недела, слушнавме, на пример, дека Неготино и Кавадарци се ист град, дека сидрото влечело напред, а дека Турците биле против османлиското ропство.
Некои од предводците на кампањата беа свесни дека направиле грешка за време на говорот и се извинуваа, други пак, самоуверено продолжуваа со говорите, надевајќи се дека нивниот гаф ќе помине незабележано.
„А1он“ на едно место ги собра повеќето забавни моменти од говорите во предизборната претседателска кампања.