Трамп најавува трговски договор со Кина за еден месец

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се многу близу до постигнување трговски договор и оти тој би можел да биде постигнат во рок од четири седмици. Истовремено тој го предупреди Пекинг дека ќе биде многу тешко да се продолжи со тргување доколку не се постигне таков договор.

Пред средбата во Белата куќа со заменикот на кинексиот премиер Лиу Хе изјави дека е постигнат договор за дел од тешките точки на спогодбата, но оти се уште постојат разлики кои треба да се премостат.

-Верувам дека за четири седмици, помалку или повеќе, колку и да е потребно време, ќе можеме да објавиме нешто монументално, потенцира Трамп. Воедно, тој најави дека доколку биде постигнат договор ќе има средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Двете земји се вклучени во интензивни преговори со цел запирање на повеќемесечната трговска војна, која се одрази и на светските пазари.

Од друга страна, Лиу Хе истакна дека во разговорите е постигнат „голем напредок“, со оглед на тоа дека Трамп се вклучил во нив и изрази надеж дека ќе доведе до „добри резултати“.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД