Заев и Заниер: Северна Македонија е земја модел за успешно уредување на правата на заедниците во регионот

Од:

Премиерот Зоран Заев, денеска во посета го прими Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, на средбата зборуваше за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците со кој беше затворена законската рамка на Охридскиот рамковен договор, и нагласи дека договорот влезе и во преамбулата на Уставот, како легислатива што ја уредува употребата на јазиците на сите национални заедници во Република Северна Македонија.

Заев информираше и за подготовката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, како стратешки документ за прашањата на мултикултурализмот и интер-културните комуникации, согласно на препораките од Советот на Европа кои беа посочени во последниот Извештај на Европската комисија од 2018 година.

Посебно внимание, истакна премиерот Заев на средбата, во наредниот период ќе биде посветено на развојот на концептот на интегрирано образование за кој нашата земја добива исклучително значајна поддршка од ОБСЕ, како што беше случај и во процесот на донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше подготвен со експертска асистенција од ОБСЕ и ЕУ.

Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, од своја страна, го изрази своето нагласено задоволство од напредокот на Република Северна Македонија во негувањето и почитувањето на правата на заедниците, и нагласи дека ОБСЕ останува посветен партнер на политиките на земјата по овие прашања кои ја прават земја модел за успешно уредување на правата на заедниците во регионот.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев