Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ги изедначи Адолф Хитлер, Јосиф Сталин и терористичката група Исламска држава.
– Во Норвешка, која Црвената армија ја ослободи од нацистичките освојувачи, вчера многу луѓе поцрвенеа од срам, истакна Грушко.
Тој додаде дека „ако одвраќањето не дејствува, треба да се борите – Хитлер не можел да биде запрен со мирни протести, Сталин не можел да биде притворен со зборови и ИД не може да биде победена со дијалог”.