Милошевски: Ќе спроведеме проект- бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение

Од:

Знаењето е сила, знањето е моќ. Здравје во секој дом, здравје за секој граѓанин. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, напиша на Фејсбук, Митре Милошевски – кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

-Токму затоа, ние на огромно задоволство ќе го спроведеме проектот: БЕСПЛАТНА ЗДРАВА ХРАНА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД
ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ!

Со имплементирањето на овој проект, ВМРО-ДПМНЕ директно овозможува да се субвенционираат младите семејства кои имаат дечиња и им учат од прво до петто одделение. Истовремено се поттикнуваат учениците да практикуваат здрави навики, навремено да се исхрануваат и да користат разноврсни продукти полезни за нивниот раст и развој.

Целта на проектот е избегнување на брзата храна и воведување на нови стандарди и практики. Родителите го штедат домашниот буџет, а се спокојни во однос на тоа со каков квалитет на храна се исхрануваат нивните деца. Само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество.

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е на страна на граѓаните и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на охриѓани. Препознавајќи ја работата охриѓани заокружувајќи го бројот 5, на 21 април ќе ја дадат поддршката за убав Охрид. За убав Охрид, Охрид повикува!, пишува Милошевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина