(ВИДЕО) Попоски: СДСМ ја подобрува состојбата во прилепската болница

Од:

„Погрешните здравствени политики на ВМРО-ДПМНЕ, комплетно го урнисаа здравствениот систем во целата држава. Прилепската болница „Борка Талески“ е само една во мрежата здравствени институции, кои неспособните партиски кадри на Груевски и неговиот советник Мицкоски, ги доведоа пред колапс.

Еден од оние кои се “прославија“ со својата неспособност и лошо менаџирање на Општата болница „Борка Талески“, беше и актуелниот координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Целата македонска јавност беше сведок и ги слушна зборовите на Ристески, кој пред почетокот на една изборна кампања, ги “потсети“ дека тие не се тука заради тоа што ги бидувало, туку затоа што ги вдомила партијата“, рече Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

„Лошата кадровска политика која ја практикуваа Петар Ристески и претходните партиски директори на ВМРО-ДПМНЕ, придонесоа во одредени одделенија во болницата драстично да биде намален бројот на специјалисти. Со тоа, значително беше отежнато нормалното функционирање на прилепската болница.

Така на пример, ако пред десетина години во интерното одделение имаше 15 специјалисти, сега има 11. Во хируршкото одделение, бројот на специјалисти е намален од 10 на 5. Ако во детското одделение и на гинекологија порано имало по 5, сега има само по 3 специјалисти, додека пак невропсихијатриското одделение функционира само со 1 невролог.

Единствената причина за тоа е фактот дека, од 2013 до 2017 година, на специјализација биле испратени само 18 доктори, додека пак за време на директорувањето на Петар Ристески, во 2016 и 2017 година специјализација добиле само 5 доктори.

Како одговорна политичка партија, СДСМ посветено работи на исправање на грешките на претходните раководни гарнитури на ВМРО-ДПМНЕ и на подобрување на условите во здравствените институции. Во таа насока, годинава од прилепската болница ќе бидат упатени 15 доктори на специјализација по неврологија, ортопедија, анестезија и интерна медицина, односно во оние одделенија каде во скорешна иднина ќе се случи најголемиот недостаток на специјалисти.

Истовремено, актуелниот раководен тим на Општата болница „Борка Талески“, од 2017 година до денес набави санитетско возило, 2 операциони стола, плазма стерилизатор, 10 пациент-монитори, еден анестезиолошки апарат, по 2 холтери за крвен притисок и за ЕКГ, апарат за ласерска терапија во одделението за физикална терапија, ехо апарат за хируршко одделение и друга медицинска опрема.

Граѓаните на нашата држава, обединети и единствени, и на претстојните претседателски избори ќе докажат дека членството на нашата држава во НАТО и ЕУ нема алтернатива.

Тој пат, сите ние предводени од Стево Пендаровски, непоколебливо ќе го одиме заедно напред!“, изјави Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски