Крилото на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашната победа во финалето на СЕХА лигата против Загреб (26-23) изјави дека победата ја посветуваат на повредениот Кристијан Дисингер.
Германецот имаше тежок пад на левата рака, а повредата веројатно стави крај на сезоната за него.
– Се боревме како лавови во целиот меч. Тешко е да победиш тим како Загреб. Тие одиграа многу добар натпревар денеска, а на крајот решаваа детали. Беше навистина тешко. Секогаш е потешко да се одбрани титулата отколку истата првпат да се освои. Тешко ни е поради повредата на Дисингер. На полувремето кога влеговме во соблекувалната Кристијан не беше ни свесен што му се случило. Оваа победа му ја посветуваме нему и му даваме голема поддршка за што побрзо да се врати на теренот, изјави Дибиров.