Заев: ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија ќе го поддржат Преспанскиот договор

Од:

Ова е неповратен процес, целосно сум убеден дека договорот од Преспа ќе биде поддржани и од опозициските партии бидејќи граѓаните како поминува времето се повеќе ќе стануваат приврзаници на истиот и ќе го поддржат, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали опозициските партии ВМРО ДПМНЕ и Нова Демократија ќе го поништат договорот доколку дојдат на власт.

-Немаме докази дека постои поништување на договори кои носат придобивки. Имплементацијата на Договорот од Преспа е во полн ек. Договорот ќе донесе само убави работи за двете страни. Ние им служиме на граѓаните, со самата реализација мнозинството граѓани ќе бидат за Договорот. Опозицијата ќе стане власт се, надевам подалеку во времето. Праксата ќе покаже дека договорот е добар за двете страни. Дали опозицијата ќе се откаже од договорот и ќе се тргне од НАТО или пак ќе престане со преговорите за ЕУ, не. Ова е неповратен процес, договорите ќе бидат поддржани и од опозицијата, рече Заев.

Тој додаде дека граѓаните на Грција треба да знаат дека Република Северна Македонија во целост ќе го исполни договорот исто како и Грција бидејќи носи придобивки во секој поглед за двет земји.

– Имаме намера и двајцата како пријатели да победуваме понатаму. И Мицотакис и Мицкоски само со текот на времето ќе дадат поддршка на овие соработки. Тоа е прагм,а тоа е политика, тоа е памет. Да бидете поддржувач на она што народот го сака, рече Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?