Ципрас со министри и бизнисмени во историска посета на Скопје

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Тој е првиот премиер на Грција што ќе ја посети земјава.

Грчкиот премиер за време на посетата на Скопје ќе има разговори со премиерот Зоран Заев. Официјалниот пречек на Ципрас со државни и воени почести ќе биде на платото пред Владата. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на десетици големи и средни грчки компании.

Посетата на Ципрас која од медиумите и аналитичарите во двете се оценува како историска, ќе биде пренесувана во живо од националните телевизии на Грција и на Северна Македонија, вклучувајќи го пристигнувањето на аеродром, свечениот пречек пред Владата, меѓувладината седница, заедничката прес-конференција на премиерите и бизнис форумот.

Поради посетата на Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Од 12 октомври влез во Грција според новите правила на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Жена од Грција ја закопала мајка си во двор за да земa нејзината пензија