Пендаровски: Не ми треба фикус дома

Од:

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, на митингот од Прилеп порача дека идниот врховен командант на државата мора да има интегритет.

„Ако не се согласувам со премиерот и ако оди преку дозволените граници ќе кажам стоп, но не ми паѓа на памет да блокирам, да не давам мандат, ниту да не потпишувам закони кои по двапати се изгласани во Собранието, не ми паѓа на памет да бидам таков злосторник спрема сопствениот народ“, порача претседателскиот кандидат на СДСМ, ДУИ и триесетина други партии, Стево Пендаровски од денешниот собир во Прилеп.

Во говорот пред присутните, Пендаровски ја обвини опозицијата дека не нуди нов концепт за НАТО и за ЕУ туку концепт кој води кон враќање наназад.

„Недозволиво е нашата држава да биде водена од Будимпешта. Живеевме тешки години на „груевизам“, бевме дискриминирани само зашто не бевме членови на таа партија. На изборите ќе стои под реден број три името Стево Пендаровски, но не гласате само за Стево, туку за оваа политика која ја извади Македонија од дното за да може да диши и да напредува. Да одиме заедно напред“, изјави Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев на митингот раскажуваше како при посета на претседателот Ѓорге Иванов, не бил понуден со вода. На ова, Пендаровски рече дека не само вода, туку и со слатко ќе го послужи во Вилата Водно.

На трибината во Прилеп зборуваа и дел од присутните граѓани кои во непосредна комуникација со кандидатот Пендаровски, го прашуваа за платите, за денационализацијата и други теми.

„Секако дека да, мене не ми треба фикус дома“, одговори Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително