Силјановска од Охрид: Може да смените облека, но татковината – не, прашањето за името не е затворено

Од:

Со силни овации и извикувања „Македонија, Македонија“ симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова на првиот митинг во Охрид од каде што ја започна изборната кампања под слоганот „Правда за Македонија, татковината повикува“.

Таа им порача на граѓаните дека иако се навредени и понижени, се храбри и не се предаваат. Во говорот се осврна на принципите на кои ќе работи, но вети и дека ќе ја исправи неправда што власта и ја нанела на државата со промената на името.

„Тие се вознемирени зашто во химната ја нема Северна. Нивната Северна, Прличев вака би ја опишал : ,,Пискотници се слушаат од Галичник до Река”…Ветуваа рефроми, правда, економски просперитет, независно судство, борба со корупција.Но со што сме соочени – со хибриден режим, со економски регрес, наместо парламент имаме едногласно комунистичко Собраниие. Место правосудство, имаме реваншизам, кривосудство и селективна правда. Во една од најсиромашните земји дури 26 министри ништо не сторија, единствена реформа им е преспанскиот договор и промена на името“, рече Силјановска.

Преспанскиот договор, според Силјановска Давкова, е надвор од принципите на меѓународното право.

„Јас не сум против договори, но со компрмиси за двете страни.Едната страна е хеленската република,а другата е безимена. Нашиот устав вели претседателот ги склучува договорите,а тие го заборавија Уставот, заборавија дека министерот не е овластен да потпишува промена на името. Преспанскиот договор е надвор од меѓународно право и националното право, затоа ние велиме дека сме за право и морал. Умниот Бернард рекол, може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, кое ќе води сметка за Копенхашките критериуми, затоа во ЕУ не не води само со Преспа“, рече Силјановска.

Според неа, прашањето за името се уште е отворено и вели дека постои правна рамка со која може да се делегитимира одлуката како што вели што ја донеле Зоран Заев и Никола Димитров без да ги прашаат граѓаните.

„Во 21 век повторно да се отвара македонското прашање е тажно. Ако ме изберете не велам дека ќе го сменам, сега и веднаш. Но, велам дека ова име нема иднина. Се повикувам на Русо, на Џеферсон, Уставот е процес, не состојба. Затоа кога ќе дојде одговорен претседател од народот и тој ќе биде и за народот.Ќе дојде одговорен парламент кој државнички ќе се однесува, ќе дојде и нов состав на Уставен суд со знаење и морал. Тогаш ние со една уставна промена ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост“, објасни Силјановска Давкова.

Таа ветува дека ќе биде претседател кој ќе одлучува по свое. Според неа, не може да биде претседател личност кој не си го почитува дадениот збор.

„Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое.Ќе водам економска, културна, научна дипломатија, тие се помоќни од традиционалната. А за ваква дипломатија треба квалификувани луѓе, а не импровизатори. Заевизмот се води од паролата ,,кажувам,заборавам, негирам”. Нашата е ,,кажувам, помнам, почитувам“, додаде таа.

Силјановска ја побара поддршката од граѓаните и вети дека ќе биде праведна, чесна и транспарентна, при што вети дека пред Собранието ќе се обраќа секогаш кога ќе смета дека е потребно – не само еднаш годишно, како што тоа го правеле досегашните претседатели.

,,Моите порти секогаш ќе бидат отворени за народот. Ќе докажам дека мојот суверенитет извира од народот, не обратно. Приказната на Марко Цепенков за Силјан Штркот, е врежана длабоко во меото срце, татковците мора да ги носиме во наште срца, она што сме го наследиле не е за продажба, тоа е на сите генерации, тоа е нашата задача“, заклучи Силјановска.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице