Вардар против ППД Загреб за заверка на пласманот во четвртфиналето на ЛШ

Од:

Екипата на Вардар денеска го игра реван-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“.

На првиот меч во Загреб, „црвено-црните“ победија со 27:18 и денешниот дуел во Скопје се чини протоколарен, а очекувањата се македонскиот тим да се пласира во четвртфиналето.

Тренерот на вардарци, Роберто Парондо сепак ги предупреди своите ракометари да не се опуштаат, бидејќи Хрватите се одличен тим и не треба да бидат потценети.

– Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар”, изјави Парондо на пресот пред дуелот.

Вечерашниот натпревар ќе биде и последна контрола за екипата пред заминувањето за Брест каде во вторник и среда треба да се играат мечевите од Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Дуелот помеѓу Вардар и ППД Загреб почнува од 19,30 часот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски