Во сообраќајната несреќа во Гватемала загинаа 18 луѓе

Од:

Властите во Гватемала соопштија дека бројот на настрадани во сообраќајната несреќа на автопат кога камион удри во група луѓе е 18, а не 32, како што првично беше соопштено.

Министерот за здравство Карлос Сото изјави дека во несреќата се повредени 18 лица, меѓу кои има и деца.

Портпаролот на противпожарната служба Сесило Чакај истакна дека до несреќата дошло кога камион удрил во група луѓе кои излегле на пат да проверат во каква состојба е едно лице, кое претходно било удрено од автомобил.

Чакај истакна дека конфузијата во првичните информации довела до тоа неговата единица да наведе погрешен број жртви.

– Луѓето прво изјавија дека загинале 30 па дури и повеќе лица, но кога ја разгледавме областа можевме точно да ги преброиме телата, рече Чакај.

Несреќата се случила во местото Нахуала, западно од Гватемала Сити.

– Во овој момент ги координираме акциите за да им дадеме целосна поддршка на семејствата на жртвите. Најискрено сочувство, напиша претседателот на Гватемала, Џими Моралес.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски