Со трансформацијата на Специјалното јавно обвинителство се отвораат и проблемите со неговата установост, роковите за поднесување обвиненија и законитостна на доказите. Дел од овие проблеми навидум се решаваат со предог законот за Јавно обвинителство, меѓутоа некои проблеми со истиот се продлабочуваат. Наша главна забелешка кога се донесуваше првиот закон за СЈО, но и сега кога се донесува законот за ЈО каде што се трансформира СЈО е на постапката во која се носи, вели Нада Наумовска од Фондацијата Отворено општество.
Како што вели Наумовска, трансформацијата на СЈО се чини решена меѓутоа не е јасна нејзината поставеност спрема Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.
Специјалноста во однос на ова обвинителство се губи ако се има предвид тоа дека има ограничен мандат до кога ќе постапува во случаите кои произлегуваат од прислушкуваните материјали, вели Наумовска.
Според неа, со предлог законот се создава и преклопувања на одредени надлежности на СЈО со обвинителството за организиран криминал како и се продлабочува проблематиката со хиерархиската поставеност. Меѓу другото проблем се и роковите за конење кои, како што вели Наумовска станаа горлива тема.
-Една од забелешките се однесува на тоа дека не може да има различни рокови за тоа кога постапува СЈО или друго обвинителство за исти кривични дела. Оваа нееднаквост се продлабочува со овој закон со тоа до кога може да постапува ЈО и до кога може да се користат материјалите од нелегално прислушкуваните разговори, рече Наумовска.
Ставот на Фондацијата отворено општество е дека амандманите на опозициската партија се нешто што треба да биде разгледувано меѓутоа законот во целина треба да биде ставен пред расправа на стручната јавност и на засегнатите страни затоа што се смета дека овие измени, во обемот во кој што е предвиден мандатот на СЈО не дава одговор на обемот за наводниот криминал за кој јавноста имаше прилика да слушне во бомбите.
-Целата поставеност и трансформација на СЈО треба да се дискутира, а не само амандманите за да имаме одговор дали трансфорамцијата ќе има правна разрешница на тоа што јавноста сведочеше во смисла на наводите за сторен криминал, вели Наумовска.
Виктор Јованов