ЕУ повика да се изгласа законот за СЈО

Од:

Европската Унија ги повика на Владата и ВМРО-ДПМНЕ, но и другите политички партии да го усвојат нацрт-законот за Јавно обвинителство, со кој се регулира статусот на специјалното јавно обвинителство. Од таму потсетуваат дека СЈО е основано од страна на политичките партии преку договорот од Пржино со цел да се обезбеди одговорност за нелегалното следење на комуникациите и нивната содржина.

„СЈО значително придонесе за повторно воспоставување одговорност и борба против незаконитоста. Од најголема важност е да продолжи да бара одговорност на професионален и независен начин“, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Жбогар порача дека ЕУ внимателно ги следи дискусиите меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, а ги повикуваат другите парламентарни политички партии да ги изгласаат измените на законот.

„Ова ќе им покаже на граѓаните, но и на меѓународната заедница, дека има посветеност да се воспостави одговорност за сите видови криминал, особено корупцијата и злоупотребата на моќта на високо ниво, но истовремено да се засили владеењето на правото во РСМ“, вели Жбогар.

ЕУ смета дека регулирањето на статусот на СЈО ќе придонесе за зголемување на желбата на граѓаните за правна држава и фер општество, што е крајната цел на процесот на проширување.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов