• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Утре нова рунда преговори за СЈО, денеска ќе се разгледуваат амандманите

by А1он27/03/2019 - 13:0527/03/2019 - 13:27303
Share0

Утре попладне ќе се одржи нова рунда преговори меѓу власта и опозицијата за новиот предлог-закон за обвинителство, што го опфаќа и СЈО, потврдуваат од Министерството за правда. Оттаму велат дека амандманите на законот што ги доставила опозициската ВМРО-ДПМНЕ стигнале во 20 часот и 19 минути и дека од тие причини, денеска ќе ги разгледаат амандманите, а утре ќе се сретнат работните групи.

Добивај вести на вибер

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак тврдат дека вчера во 16 часот и 19 минути адвокатот Тони Менкиновски кој е дел од работната група во преговорите, преку електронска пошта ги испратиле амандманите до министерката Рената Дескоска.

Дилемите за времето кога биле испратени и кога стигнале до министерството останаа неразјаснети, а нема детали ниту што содржат амандманите. Познато е дека станува збор за 65 амандмани , кои од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат власта да ги прифати, откако двете претходни средби на работната група поминаа без договор.

Опозицијата не отстапува од барањата СЈО да биде дел од обвинителството за организиран криминал, и да прекине со истрагите по 30 јуни ,како и обвинителот да се бира на предлог на опозицијата. За власта законот е добар и во согласност со сите меѓународни препораки. Ако двете страни не успеат да постигнат договор, власта не ја исклучува можноста за консултации со сите пратеници , со цел да обезбеди двотретинско мнозинство.

Галена Николовска-Ризвановиќ

sjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен