Донев: Инфраструктурната стагнација и масовните дивоградби се лоша слика за Охрид

Од:

Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција?, запраша Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.

Тој прашува дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР? Дали новата автобуска постојка кај пекара „Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема?

Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”? Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци?

Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?

„Во иднина ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци?Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел?На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа? Оваа власт на СДСМ мора да си замине, за Охрид и охриѓани да продолжат со светла иднина”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски