Цановски и со советници на листата за Струга

Од:

Четворица членови на ПЕИ на Фијат Цановски се најдоа на советничката листа со ДУИ за Струга. ПЕИ доби високи позиции во заедничката советничка листа. На второто место е Адем Демишоски, број 7 е Недим Цаноски, број 8 е Ајет Кариманоски, и број 13 е Беким Салоски. Висок партиски фунцкионер од ПЕИ, кој инсистираше на анонимност за А1 ја потврди веста, но рече дека не може да се зборува за никаква коалиција со ДУИ за Струга

„Да тоа се наши членови , но коалиција со ДУИ се уште не е потпишана и не е потврдена и немаме договор за целосна соработка со нив. Тоа е направено на инсистирање на членови од партијата, кои сакаа да бидат дел од советничката листа, за да не се пропуштат целосно изборите и затоа се ставени на таа листа.Ова не значи дека излегуваме од коалиција со СДСМ, ние остануваме во опозициониот фронт на централно ниво. Како понатаму ќе се одвиваат работите ќе одлучат органите на партијата. За Ростуше извадивме кандидат колку да го запазиме рокот , но дали ќе одиме на избори ќе видиме понатаму. Овие што се на листата за Струга се наши членови, но ако се повлекуваме целосно, можат и тие да се повлечат понатаму. Ништо не треба да биде изненадување. Ќе почекаме да видеме какви ќе бидат понатамошните случувања, по што ќе се донесе конечна одлука“ рече висок партиски функционер на ПЕИ.

Останува нејасно како двајцата најголеми противници Цановски и Мерко кој е претседател на изборниот штаб на ДУИ за Струга можат да соработуваат. На листата на ДУИ за Струга на високото трето место е и ќерката на Рамиз Мерко, градоначалникот во заминување, Назмије Мерко Забзуни. Синоќа портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека на ниво на Македонија Мерко и Ахмети имале договорено соработка, односно ДУИ да го поддржи кандидатот на ПЕИ во Ростуше, додека ПЕИ кандидатот на ДУИ во Струга, што е спротивно од изјавите кои пристигнуваат од ПЕИ.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност