В понеделник преку жрепка ќе се утврди редоследот на кандидатите за локалните избори што ќе се одржат во три општини – Охрид, Ново Село и Дебар, соопшти Државната изборна комисија.
За градоначалник на Охрид претендираат 5 кандидати, за Ново Село двајца, и за Дебар има 2 кандидати.
Изборите за градоначалници во трите општини се закажани на 21 април, заедно со претседателските.
Во Државната изборна комсија денеска беше утврден редоследот на гласачкото ливче за кандидатите за претседател.