Утре во ДИК жрепка за редоследот на гласачкото ливче

Од:

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, најави дека во текот на утрешниот ден ќе се утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори што ќе се одржат на 21 април.

Тој потврди дека до комисијата стигнале три кандидатури и сите биле доставени од група избирачи со мининум 10 илјади потписи. Деркоски апелира кандидатите да се се воздржат од јавни настапи и изјави до 1 април зашто сето тоа ќе значи кампања.

Денеска во ДИК беа доставени потписите за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и коалициите, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, а претходно беше поднесена и кандидатурата за Блерим Река кој доби поддршка од Беса и од Алијанса за Албанците. Трите кандидатури се очекува и официјално да бидат потврдени на денешната седница на ДИК.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија