(ВИДЕО) Џамтоски: Заев вети дека ќе се стопира изградбата на минарето

Од:

Жолта лента за забранет пристап до Али-пашината џамија и мораторум за градење, им ветил премиерот Зоран Заев на претставниците од граѓанското здружение „Совест“ на денешната средба во Владата. Томе Џамтоски од „Совест“ вели дека Заев им ветил дека ќе побара од Министерството за транспорт и врски и Државниот градежен инспекторат веднаш да постапат според сите документи што ги донела Управата за заштита на културното наследство и да се запрат градежните активности.

Изградбата на објектот течеше и во текот на денешниот ден, иако судот донесе забрана за изведба на градежни работи.

„Премиерот нè увери дека ќе го направи она што ние го побаравме. Тој ни рече дека ако треба, Али-пашината џамија ќе биде чувана со асистенција на полицијата, со цел да прекинат сите градежни активности околу неа. Ако објектот е навистина културно наследство, тогаш да го претставиме во целото негово светло, со сите негови цивилизациски слоеви, потврдени уште пред 20 години со соодветна документација. Сметаме дека е надвор од здравата логика една ваква активност да дозволиме да го наруши она што значи спокојно живеење на охриѓани“, рече Џамтоски.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, по средбата уверуваше дека ќе се постапува согласно законите, но во насока на мирно решавање на проблемот. На прашањето како граѓаните ќе бидат сигурни дека нема да се постапува противзаконски во иднина, градоначалникот рече: „Ќе знаеме во наредните неколку денови, откако органите ќе постапат“.

„Јас сум градоначалник на сите граѓаните на Охрид. Ако граѓанте кои се заинтересирани за изградба на минарето сакаат да остваруваат средби, јас и со нив ќе дојдам во Владата. Треба еднаш засекогаш да се отворат сите документи и факти за да ставиме крај на тој проблем“, рече Героегиевски.

Основото јавно обвинителство отворило предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот.

„По извршен увид на терен, се воочи дека мерките на претпазливост не се почитуваат од страна на осомничените, а за утврдување на промената на фактичката состојба во повеќе наврати од страна на Јавниот обвинител е издадена наредба до градежен инженер, кој излегуваше на лице место во присуство на полициски службеници“, велат од обвинителството.

Во предметот на обвинителството опфатени се 8 лица, дел се физички, а дел правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена