Обвинение за обид за разбојништво во обложувалница

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, кое на 18.01.2019 година во една спортска обложувалница се обидело да изврши кривично дело разбојништво. Обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице чиј идентитет не е утврден до овој момент.

„Обвинетиот и неговиот соизвршител на критичниот датум, со употреба на закана дека непосредно ќе нападнат еден вработен, се обиделе да одземат парични средства во сопственост на обложувалницата. Притоа, непознатото лице останало пред вратата за да чува стража, додека обвинетиот ставил ракавици на рацете, се маскирал со маица преку главата, извадил пиштол и влегол во објектот. Тој се доближил до пултот каде што работел оштетениот и му се заканил по неговиот живот со барање да му ги даде парите. Вработениот клекнал под пултот и ја затворил вратата, со што го спречил обвинетиот да влезе во внатрешната страна и да ги одземе парите. Сега обвинетото лице се обидело да ги скрши дрвената врата и заштитното стакло од пултот со удари од нозете и со удари од кундакот на пиштолот, но не успеал во намерата, па со својот соизвршител веднаш се дале во бегство“, соопшти обвинителството.

Откако беше уапсен, на обвинетиот веднаш од страна на судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор. Ценејќи дека законските основи за ваквата мерка сè уште постојат, надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Судот достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски