Американскиот државен секретар Мајк Помпео замина на Блискиот Исток на повеќедневна турнеја и билетарални средби со високи официјални лица на Кувајт, Израел и Либан.
Тој во Кувајт ќе учествува во американско-кувајтскиот стратешки дијалог, а во Израел ќе има активности на трилетаралните средби со шефовите на државите на Израел, Грција и Република Кипар.
– Државниот секретар ќе ја истакне вредноста на нашето партнерство со овие земји како и важноста од безбедносна и економска соработка во постигнување на регионална стабилност и спротивставување на злонамерните активности на режимот во Иран, се вели во соопштението од Стејт департментот.