ЕПП утре ќе дискутира за исклучување на партијата на Виктор Орбан

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе отпатува за Брисел со цел утре да присуствува на состанок на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се разгледува дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од главниот сојуз на партии на десниот центар во Европскиот парламент.

Од 49 полноправни членки на Европската народна партија, 13 се за исклучување на Фидес по повеќе години несогласувања и судири.

Некои членови сметаат дека Орбан премногу се оддалечил од христијанските демократски вредности на сојузот.

Манфред Вебер, кандидатот на ЕПП за претседател на Европската комисија на изборите во мај, го повика Орбан да исполни одредени услови за да остане во сојузот, меѓу кои и да стави крај на кампањите против ЕУ.

Орбан минатата недела испрати писмо до лидерите на членките на ЕПП кои побараа исклучување на неговата партија. Во писмото, тој се извинува за користењето навредлив јазик, но наведува дека нема промени во политичките ставови.

Унгарскиот премиер побарал од лидерот на белгиската партија Христијански демократи и Фламанци Ваутер Беке повторно да размисли за предлогот за исклучување на неговата Фидес од ЕПП.

Портпарол на унгарската Влада изјави дека такви писма се испратени до сите 13 партии кои се приклучија кон предлогот.

Би можело да ве интересира

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

Орбан: Економските проблеми на Унгарија се резултат на војната во Украина

А1он

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он

Орбан: Да се ​​најдат начини да се врати мирот во Европа

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Орбан му честиташе на Трамп: Многу потребна победа за светот