Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план, и за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

На средбата, како што соопшти претседателскиот Кабинет, било констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст Сиљановска Давкова изразила благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изразила надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он