Едукативна обука за справување при кризни состојби и масовни катастрофи

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски ја отворија дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, организирана во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка на Министерството за здравство со државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој.

Обуката опфаќа над 100 учесници, меѓу кои здравствени работници, припадници на полицијата, армијата и противпожарната служба, кои имаат можност да ги зајакнат своите капацитети и ресурси како најважна алка за управување и справување со катастрофи.

Воедно, целта на обуката е да се имплементираат иновациите и современите текови во развојот на здравствениот систем, во насока на зајакнување на вештините на службите за справување при кризни состојби и масовни катастрофи.

Министерството за здравство има изготвено посебен План за дејствување при кризни состојби и катастрофи. Сакам да напоменам дека тој план функционира и го применивме при неодамнешната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, каде севкупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути. Во мултисекторски пристап, Министерството за здравство со Министерството за внатрешни работи, противпожарната единица и Центарот за управување со кризи успешно се мобилизираа и ги активираа сите капацитети. Покажавме итност, координираност, подготвеност, стручност и професионалност, посочи министерот Филипче.

Министерот Филипче нагласи дека државата Израел обезбеди тим од успешни и квалитетни обучувачи, кои ќе ги пренесат своите искуства за справување во кризни ситуации преку хипер-реалистичната програма за Израелската одбранбена армија. Предвидено е обуките континуирано да се спроведуваат, а учесниците да стекнуваат сертификат кој овозможува во иднина тие да бидат обучувачи на кадар кој делува при катастрофи. Воедно, министерот најави дека наскоро е предвидена голема симулациска вежба при справување со екстремни ситуации, каде учесниците од оваа обука ќе можат јавно да ги покажат своите знаења и вештини.

-Навистина ми е драго што веќе по три месеци од потпишувањето на меморандумот со државата Израел и Министерството за здравство имаме конкретна реализација. Верувам дека со оваа соработка реално можеме да донесеме иновативни методи и практики кои ќе се применуваат во нашата држава, посочи директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска