Русковска: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Од:

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.

Според неа, станува збор за неколку пријави што се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легалзиација на времени објекти, што потоа бесправно биле градени, исто така, спротивно на законот.

– Станува збор за злоупотреба на службена положба и овластувања, став 5 во врска со член 45, бидејќи станува збор за продолжено кривично дело, изјави Русковска.

Поранешниот градоначалник на Карпош утринава беше приведен и изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Со него се приведени уште две лица, вработени во Општина Карпош. Постапката е покрената од Основното јавно обвинителство, од каде се најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите оттаму, за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките во Карпош

(ВИДЕО) Јакимовски: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, владата спие

Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кои сум осуден, ја водел како полномошник Панче Тошковски

Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација

Јакимовски воведува нов правилник и сет мерки за обезбедување поквалитетни градби