Османи и Димитров во Брисел на средба со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ што го организираат министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.

Според МНР, Димитров ќе брифира за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, реформските резултати и генералните очекувања од земјите-членки во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори со земјата во јуни оваа година.

Од Министерството за надворешни работи на Грција, пак, како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштуваат дека на работниот појадок „пријатели на Северна Македонија, предмет на разговорите ќе биде интегративниот тек на земјата кон ЕУ и ќе се истакне важноста од спроведувањето на реформската агенда и на Преспанскиот договор“.

Димитров и Османи ќе бидат дел од владината делегација што ја предводи премиерот Зоран Заев на утрешниот редовен 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата земја и ЕУ. Со оглед на ротирачкото претседателство, со состанокот ќе претседава премиерот Заев, додека копретседавач ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Советот ќе биде претставуван и од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во владината делегација од македонска страна ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

За време на престојот во Брисел предвидено е Димитров да оствари средба со Хан и да има средби со повеќе министри за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ, како и други средби со претставници од европските институции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски