Арсовски: Шилегов ја нуди скопската депонија на бизнисмени со криминално досие

Од:

Петре Шилегов го доведува во опасност здравјето на сите Скопјани, жители на Скопје и околината, со тоа што се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на сомнителнотп минато и бизниси на партнерите кои ги одбра Шилегов постои сериозна загриженост дека најрадиоактивното и најопасно ѓубре од странство, може да се носи и рециклира токму тука во Скопје и со тоа да ги труе сите скопјани.

Петре Шилегов и Град Скопје во скопската депонија како партнери внесуваат конзорциум од германска, хрватска и македонска фирма, патем македонската фирма е со хрватски капитал, но со сомнителни сопственици со криминално досие за кои се водат истраги и за кои има кривични пријави во Загреб, односно Хрватска.

Прашуваме, дали е точно дека нов партнер на Шилегов како градоначалник на Градот Скопје, ќе биде контроверзниот хрватски бизнисмен Петар Припуз, сопственик на хрватската компанија за рециклажа на отпад ЦИОС. Дали е толно дека за истиот Петар Припуз се водат повеќе случаи за корупција, даночно затајување, како и оштета на градот Загреб, каде што заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ беше уапсен пред извесно време.

Партнерот на Шилегов и Градот, Петар Припуз, исто така се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина отпадот бил купен од негова страна односно стигнал физички кај него.

Дали сега Припуз, откако е контаминирана неговата работа и неговата фирма во Загреб и Хрватска, си наоѓа нов партнер во Градот Скопје и во Петре Шилегов како градоначалник, за да може да реализира нови сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што го увезува и рециклира, прашува Арсовски.

Никој не води контрола колку и каков отпад се увезува во Република Македонија, а сега откако овие структури на чело со Петар Припуз влегуваат да работат во Скопје, постои сомневање дека целиот тој отпад од странство ќе се увезува тука и ќе се рециклира тука во Скопје, а најголемата штета ќе ја трпат скопјани, патем ќе бидат труени.
Инаку секаде низ светот, бизнисот со рециклажа на отпад и отпадни материи се смета за еден од најкоруптивните и најдобрите пералници на пари.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши

Драма во Пријепоље: Пожар избувна на депонијата Стањевина, прогласена е вонредна состојба