ДПА ги промовираше кандидатите за градоначалници

Од:

Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва во Скопје ги промовираше кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори закажани за 24 март.

За лидерот на партијата Мендух Тачи ова не се само локални избори туку имаат значење на референдум. Со победата на локалните избори ДПА, додаде тој, ќе отвори пат за поставување на своите барања.

– Албанците во Македонија од овде масовно демонстрираат дека се незадоволни од политиките. Нашиот пат се НАТО и ЕУ, изјави Тачи.

На конвенцијата беа промовирани кандидатите на ДПА за градоначалници и носителите на советничките листи.

Кандидат од ДПА за градоначалник на Тетово е Сади Беџети, за Струга Зијадин Села, за Гостивар Мијат Садику, за Чаир Мухамед Тачи и за Скопје, Беким Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он