Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна расправа за Предлог-текстот на законот за висока раководна служба.
Целта е да се слушнат забелешките и предлозите на сите засегнати страни со цел да се подобри текстот на законот кој веќе е објавен на ЕНЕР.
На јавната расправа најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, државниот секретар во МИОА Јахи Јахија и извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска-Сачмароска.