Во дуелот од 22.коло одигран попладнево во Мајнц, истоимената домашна екипа и Шалке одиграа без победник 2:2, иако во два наврати домаќините водеа.
Најпрвин Андреас Иваншиц донесе водство во 27.минута, а во финишот на првиот дел гостите преку Мишел Бастос изедначија на 1:1.
Мајнц поведе со голот на Зденек Поспеч, а конечните 2:2 ги постави Бастос со својот втор гол.
Во тимот на Мајнц целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Николче Новески.
На другите дуели одиграни денеска од ова коло беа постигнати следниве резултати: Вердер – Фрајбург 2:3, Хамбургер – Борусија Менхенгладбах 1:0, Баер Леверкузен – Аугсбург 2:1 и Фортуна – Гројтер Фурт 1:0.
Вчера Баерн Минхен го победи Волфсбург на гостувањето со 2:0.
Од 18 часот и 30 минути играат Борусија Дортмунд – Ајнтрахт.
Утре се играат натпреварите: Нирнберг – Хановер и Хофенхајм – Штутгарт.
Табела: Баерн 57 бодови, Баер Леверкузен 41, Борусија Дотмунд 39, Ајнтрахт 37, Фрајбург 34, Хамбургер 34, Мајнц 32,…