Фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл, речиси сигурно во летниот преоден рок ќе биде најбараниот играч. За Бејл се заинтересирани многу европски клубови, а еден од нив е и Баерн Минхен.
Како што наведува „Дајли Меил“ идниот тренер на Баерн, Пеп Гвардиола е воодушевен од играта на велшанецот, и на лето ќе се обиде да го доведе во неговиот клуб.
Меѓутоа Баерн ќе имаголема конкуренција од страна на Реал Мадрид, кој наводно за Бејл веќе спремил 50 милиони фунти.