Нова дививоградба на плоштадот „Чинар“ во Охрид, инспекциите допрва ќе прават увид

Од:

Со нова дивоградба се нагрдува плоштадот „Чинар“ во Охрид. Хилти и багер на плоштадот викендов ги вознемирија охриѓани и туристите. Неколкумина работници ја уриваа платформата којашто како летна тераса ја користеше локална пицерија. Охриѓани велат дека заедно со уривањето, работниците подготвувале темели за нова градба.

И уривањето и подготовките за нова градба се без одобрение од Министерството за транспорт и врски.

„Парцелата е сопственост на државата и во моментов никој не може да поднесе барање за одобрение за градење. Ова земјиште не е отуѓено, се уште е сопственост на државата“, велат од Министерството за транспорт врски кои ги издаваат одобренијата за градење во старото градско јадро на Охрид каде што викендов се уриваше.

Директорката на Завод и музеј Охрид, Елеонора Новаковска вели дека го регистрирале уривањето.

„Ние исто разбравме дека има градежни активности. Пуштив стручни лица да направат увид. Инспекциската служба при управа за заштита на културното наследство и градежната инспекција ќе добијат извештај. Тоа е заштитено подрачје. Во годишниот план за 2019 година на тој простор е предвидено да има натстрешница, маси и столици односно урбана опрема“, изјави директорката Новаковска за „А1он“.

Охриѓани влеат дека работниците уривајќи ја бетонската платформа скршиле и гранка од чинарот, за кој се прават подготовки да добие соодветна заштита, но никој не загрижил.

Од Општина Охрид, иако најавија, не испратија реакција за градежните активности на плоштадот „Чинарот“.

Нема објаснување ниту од пицеријата која како летна тераса ја користеше бетонската платформа веднаш до Чинарот. На нивниот телефонски број никој не одговара, а откако почнаа градежните активности, кои продолжија и денес, локалот е затворен.

Охриѓани стравуваат дека ќе се појави уште една дивоградба во заштитеното градско јадро на очиглед на сите надлежни институции. Велат дека по најавата за нов рок за легализација на дивоградби, во Охрид на неколку места се појавиле нови објекти изградени без одобренија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид