Нара: Икарди сака да остане во Интер

Од:

Аргентинецот Мауро Икарди сака да остане во Интер. Ова го изјави сопругата и агент на напаѓачот – Ванда Нара.

Дваесет и шест-годишниот напаѓач беше лишен од капитенската лента и според некои сведоштва, причината се неуспешните преговори за нов договор. Голгетерот на „нероазурите“ одби да игра против Рапид Виена, а потоа беше објавено дека има повреда.

За последен пат Икарди беше на теренот на 9 февруари во победата од 1:0 над Парма на „Енио Тардини“. Тој ги пропушти последните 7 натпревари за Интер. На негово место Лучано Спалети се потпира на младиот Лаутаро Мартинез, кој во 28 дуели во сите натпреварувања има 8 гола.

– Мауро сака да остане во Интер. Работам за да се чувствува добро и да се смири со клубот. Дури избравме адвокат кој е фан на тимот, изјави Нара.

Таа, исто така, ја коментираше повредата на Икарди.

– Проблемот со коленото не е вест. Здравјето сега е негов приоритет. Инаку не може да се чувствува важен дел од тимот, додаде Ванда.

Икарди игра за „нероазурите“ од летото 2013 година, кога беше купен од Сампдорија за 13 милиони евра. Оваа сезона тој постигна 9 гола во Серија „А“ во 20 натпревари. Три од неговите голови се од пенал.

Името на Икарди е поврзувано со Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер