Вицепремиерот Османи на министерски состанок во Букурешт

Од:

Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе престојува во Букурешт, Република Романија, каде ќе учествува на неформалниот министерски состанок на државите кандидати за членство во ЕУ, заедно со министри и државни секретари за европски прашања од земјите – членки на Европската унија.

Тема на состанокот ќе бидат перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, како значен дел во создавањето на европската иднина, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

Состанокот се одржува во рамки на Романското претседателство, како генерална подготовка пред големиот Самит посветен на иднината на Европа, кој ќе се одржи во Сибиу, Романија на 9 – ти мај годинава.

 

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации