(ВИДЕО) Заев: Наш став е дека треба да остане истиот тим на СЈО

Од:

„Дијалогот продолжува, на вечерашната средба се разговараше на две теми – претседателските избори и реформските закони. За сите елементи што се важни за фер избори, ние сме фаворити, и нам ни е важно да бидат изборите кристално чисти“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, којашто се одржа вечерва во Владата.

Според Заев, ако бара опозицијата ќе бидат обезбедени и дополнителни набљудувачи за претседателските избори во април.

„Не сакаме да дадеме ниту еден аргумент за неправилности пред датумот за преговори во јули.Во делот на реформските закони, за законот за разузнавачките служби вклучени се и НАТО експерти и опозицијата е информирана за тоа.Од утре со работни групи ќе разговараме за законот за СЈО.Ние остануваме на ставот дека овој тим треба да остане. Очекувам да се постигнат услови да се донесе законот консензуално.Не треба да робуваме на рокови, но до крајот на март ние мора да ги изгласаме законите“, рече Заев.

Според него, Обвинителството ќе се бори со корупцијата независно што е лимитирана употребата на „бомбите“.

„Има други материјални докази во процесите, тие не можат да испарат. Се што има почеток има и крај и тоа е не е поврзано со одоброволување на опозицијата“, рече премиерот и додаде:

„Ние имаме различни ставови, опозицијата беше повеќе пати несериозна по некои прашања, а ние ќе направиме се земјата да продолжи во вистинскиот правец. Секој треба да ја носи својата одговорност. Верувам ако нема консензус, да ги решиме со двотретинско мнозинство“.

Заев вели дека со Мицкоски воопшто не разговарале за предвремени избори.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Мора да има одговорност за прислушкувањето, порача премиерот Мицкоски

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски