ВИДЕО: Мицкоски не го сака сегашниот состав на СЈО, ниту закон под притисок

Од:

Обезбедување услови за претседателски избори и реформските закони, беа темите за кои се разговараше на две и полчасовната средба во Владата, меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.

По средбата, Мицкоски изјави дека размениле факти околу овие прашања и заклучиле дека Македонија мора да оди во вистински правец.

„Средбата беше корисна за релаксирање на политичката атмосфера. Во првиот дел ги изнесовме забелешките дека има политички прогон и партиски вработувања. Дополнително потенциравме каде имавме неправилности при референдумот. Во вториот дел разговаравме за СЈО. Значајно е дека ова обвинителство го загуби кредибилитетот кај нас. Новиот закон за обвинителство треба да биде разгледуван од понеделник во работните групи од сите партии“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека имале многу забелешки за предлог-законот за обвинителство, но дека се надеваат дека ќе се изнајде решение.

„Ние предлог текстот го добивме во четвртокот. Немавме време да го разгледаме составот, но според нас постоечкиот тим не треба да ја добие довербата. Но, сепак треба да ги отвориме темите и за тоа ќе се дебатира. Претседателот на Владата се согласува да ги отвориме сите теми“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека е договорена оперативна комуникација за двата штаба на претседателските кандидати.

„Немам гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски, но се надеваме дека оваа средба треба да придонесе за довербата. Сепак ние остануваме зад барањето за предвремени избори и очекуваме нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова да победи“, вели Мицкоски.

Иако законот за обвинителство е суштествен за преговорите, тој вели дека нема да брзаат и додека законот не биде донесен како што треба, нема да биде донесен под притисок. Тимовите ќе работат интензивно, но сепак нема да брзаат.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта