ОН: Потребни се 200 години за рамноправност при извршувањето на обврските во домовите

Од:

Напредок кон родова еднаквост на работното место е едвај забележлив во последниот квартал од векот, а тој може да се забрза само ако мажите преземат поголема одговорност во домаќинствата, велат од ООН по повод Меѓународниот ден на жената.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) во новиот извештај објави дека разликата во стапката на вработеност кај мажите и жените е намалена за помалку од два проценти во изминатите 27 години. Во 2018 година, жените сè уште имале 26 проценти помалку шанси да се вработат од мажите, иако, според анкетите, многу повеќе жени сакаат да работат отколку да останат дома, се наведува во документот на агенцијата на ОН.

МОТ наведува дека постојат многу фактори кои ја блокираат еднаквоста при вработувањето, а најголем товар за жените се обврските кои ги извршуваат во своите домови.

– Во текот на изминатите 20 години, времето кое жените го потрошиле за неплатена нега и домашна работа незначително се намалило, а за мажите се зголемило само за осум минути дневно, изјави Мануела Томеи, шефица на Одделот на МОТ за труд и еднакви можности. Таа вели дека со ова темпо, потребни се 200 години за да се постигне рамноправност кога станува збор за извршувањето на обврските во домовите.

Според овој извештај, речиси 22 отсто од работоспособните жени ширум светот, или 647 милиони, го трошат сето свое време во текот на денот на неплатени работи, а тој процент во арапските земји изнесува дури 60 отсто. За споредба, само 41 милион мажи, односно 1,5 отсто, ги извршуваат овие обврски во текот на целосто свое расположливо време.

– Нерамнотежата при извршувањето на домашните обврски меѓу мажите и жените е една од најотпорните појави кога станува збор за родовата нееднаквост, се заклучува во извештајот.

На светско ниво, жените посветуваат повеќе од три четвртини од своето време на работи за кои не се платени и во просек трошат четири часа и 25 минути на нега, за која не добиваат никаков надомест. Кај мажите тоа време изнесува еден час и 23 минути.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

A1on

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он