УНХЦР: Во Србија 115.000 деца живеат во сиромаштија

Од:

Во Србија 115.000 деца живеат во сиромаштија, додека 30,2 отсто во ризик да паднат под линијата на сиромаштија, соопшти канцеларијата на УНХЦР во Србија.

– Само половина од децата во Србија одат во претшколско образование, а кога се во прашање најсиромашните деца тој процент е само девет отсто, односно шест отсто кога се во прашање децата од ромските населби, се наведува во соопштението.

Од УНХЦР укажуваат дека Србија, и покрај менувањето на ставовите кон децата со пречки во развојот и хендикеп, се уште е земја во која овие, а особено децата со комплексна или тешка форма на попреченост, продолжуваат да бидат исклучени.

Податоците исто така покажуваат дека речиси 60 отсто од девојчињата од ромските населби се мажат пред 18 годишна возраст, дека само една петина од ромските деца одат во средно училиште, а 32 отсто од младите не можат да се вработат.

УНХЦР проценува дека во Србија во изминатиот период е направен значителен напредок во спроведувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на детето, бидејќи, како што е посочено, денес детето во Србија „има многу добри шанси да ја преживее првата година од животот и речиси 100 проценти од децата имаат одлични шанси да посетуваат основно училиште“.

Исто така, УНХЦР посочува дека децата во Србија имаат релативно добар пристап до услугите, можат да користат интернет и дигитални технологии, додека веројатноста дека ќе го продолжат образованието е 89 проценти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени