Во Кривичниот суд во Скопје се одложи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО поради тоа што обвинетиот Миле Јанакиески во исто време требаше да се појави на судењето за предметот „Насилство во Центар“ заедно со уште неколкумина адвокати.
Следното рочиште ќе се одржи на 8 март.
Во „Титаник“, обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.
Во овој предмет, кој СЈО го објави прв, обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Обвинета е и поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски.
Васко Маглешов