Платформата во Матка се украсува со цвеќе и покрај најавите за уривање

Од:

Додека институциите најавуваат уривање на платформата на Матка, во првиот залив по браната се украсува со цвеќе и зеленило во саксии.

Двајца работници попладнево со количка истоварија десетина саксии со цвеќе и борчиња во саксии. Истите ги распоредуваа на тазе лакираната платформа.

„Нека ја уриваат, ние да украсиме“, рекоа работниците што екипата на „Макфакс“ ги затекна кај платформата. Велат дека не знаат кој ќе биде газда и дали навистина ќе се урне.

Во врска со оваа спорна градба директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Локаман Љимани, го послуша министерот за транспорт, Горан Сугарески, и се обврза да направи контрола на работата на градежната инспекција на Општина Сарај, која со години не ги урива дивите платформи.

Од Инспекторатот велат дека ја следат состојбата со платформите и најавуваат дека ќе постапат согласно со Законот за градење, кој, пак, предвидува уривање на објектите изградени без одобрение.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, пак, не одговара на прашањата дали изготвиле решенија за уривање на дивоградбите на Матка, зoшто ги толерираат со години и каков е неговиот став по најавата за одземање на ингеренциите од областа на урбанизмот.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Спасени туристи од Хонг Конг кои се загубиле на Матка

Утре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс

Ана Ололовска

Овој викенд по петти пат ултимативната планинска трка – Водно-Матка Треилс

Ана Ололовска

Изгоре кампер-возило на полски туристи на Матка

Жарко Настоски

Активисти ја чистеа Матка

Жарко Настоски

Град Скопје го прифати предлогот кањонот Матка да стане споменик на природата

Катерина Ѓуровски