(ВИДЕО) Арсовски: Тевдовски и Заев на месец и половина пред избори ќе ја задолжат Македонија за нови 130 милиони евра

Од:

Тевдовски и Заев денес на месец и половина пред избори ќе ја задолжат Република Македонија за нови 130 милиони евра, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Дали власта се задолжува над 130 милиони евра со цел изборна корупција. Каде ќе завршат милионите на граѓаните на Република Македонија кои треба да ги враќаат истите со камата? Дали истите се наменети за изборен поткуп исто како сите оние вработувања кои што во моментов се реализираат? Спиралата на задолжување веќе не може да запре. СДСМ ја води државата кон инсолвентност.

Само за две години колку што се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра со што истиот надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП. СДСМ се задолжува, а граѓаните воопшто не знаат за што одат и се трошат парите.

Две години власта нема ставено камен на камен, или изградено барем една педа автопат. Еден проект не е направен, една улица не е асфалтирана, граѓаните газат во кал. Никој не знае каде одат милијардите, кои утре сите граѓани нa Република Македонија ќе ги враќаат со високи камати.

Пред да дојдат на власт СДСМ ветуваа дека ќе го намали задолжувањето, сега откако се власт, не само што не го намалија туку и енормно го зголемија. Со оваа темпо на задолжување државата се движи кон границата на инсолвентност, што за многу кратко време ќе предизвика државата да има проблем со отплаќање на долговите“, изјави Арсовски на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он