ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски мора да си замине од функцијата 

Од:

Оливер Спасовски мора да си замине од функцијата. Неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со сопствените животи, а неговата соработка со криминалците ја парализираат полицијата и овозможуваат убијци и насилници да се шетаат слободно, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Во неговиот мандат, први соработници рекетираа и оддаваа посебни истражни мерки, а сега продолжуваат неказнето да работат. Во неговиот мандат полициски службеници малтретираа и палеа луѓе. Во неговиот мандат полициски службеници пукаа на млади момчиња и се пресметуваа меѓу себе. Во неговиот мандат владее тотален хаос во МВР, а убијци се шетаат на слобода.

На слобода е убиецот на Мартин Јанушев. На слобода се сторителите на двојното убиство среде Скопје. Нерасчитени се стотици други убиства, разбојништва, грабежи и насилства. МВР стана синоним за криминал. Преку МВР на сомнителен начин се доделија лиценците за извршување возачки испити на територија на цела држава на фирми регистрирани непосредно пред да биде објавен огласот. Бизнис тежок стотици илјади евра заврши кај лични пријатели на врхушката на власт.

Оливер Спасовски мора да си замине – граѓаните заслужуваат безбедност и држава во која власта е чувар на јавниот ред и мир, а не загрозувачки фактор на истиот“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски