А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вежбовни активности на припадници на Вооружените сили на САД на „Криволак“

by А1он04/03/2019 - 15:43260
Share0

На Армискиот pолигон „Криволак“ од денеска започнуваат вежбовни активности на припадници на Вооружените сили (ВС) на САД, кои до крајот на месецот ќе изведуваат повеќе видови гаѓања, информираат од Генералштабот на АРМ.

Добивај вести на вибер

Оттаму соопштуваат дека во првата седмица, припадници на ВС на САД ќе изведуваат обука и гаѓање со воздухопловни оружја со хеликоптери од марката УХ-60 или популарните „Блек хок“, додека почнувајќи од утрешниот ден ќе се изведуваат обука и гаѓање со минофрлачи во кои ќе бидат вклучени и припадници од првата механизирана пешадиска бригада.

Во останатиот период, војниците на САД ќе реализираат гаѓања со користење на разни видови пешадиско оружје, а на 13 март се предвидени активности за реализација на ден за високи гости.

Ова е вторпат како се изведуваат воздухопловни гаѓања од страна на припадници на ВС на САД по извршеното сертифицирање на АП „Криволак“ од страна на седмата Команда за обука на копнените сили на САД, за можноста за користење на полигонот и од страна на воздухопловни единици на ВС на САД.

Со изведување на оваа активност се промовираат и можностите на АП „Криволак“ за изведување на различни видови на вежбовни активности од страна на армиите од земјите членки на НАТО.

Почнувајќи од утре, на Криволак ќе почне со реализација најголемата досега меѓународна воена вежба „Одлучен удар“ на која ќе учествуваат околу две илјади војници од Копнените сили на САД за Европа, од АРМ и неколку други армии, се наведува во соопштението од ГШ на АРМ.

 

 

krivolakvoeni vezbivooruzeni sili na sad

Би можело да ве интересира

Војник на АРМ почина на КАРИЛ откако му се слошило на „Криволак“

Горан Наумовски20/06/2024 - 08:2620/06/2024 - 08:30

Воените објекти на Криволак се безбедни, пожарот околу полигонот е локализиран

A1on27/07/2022 - 14:1227/07/2022 - 14:25

Три активни пожари, најголем кај Криволак

Катерина Ѓуровски27/07/2022 - 08:2927/07/2022 - 08:57

Гори нискостеблеста шума кај Криволак, во гасењето вклучен и хеликоптер

Предраг Петровиќ25/07/2022 - 16:45

Шекеринска: Инвестиции за подобри услови во армискиот полигон Криволак

А1он05/01/2022 - 15:18

Тринаесет мигранти откриени близу железничката станица во Криволак

Катерина Ѓуровски19/03/2021 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен