Воените објекти на Криволак се безбедни, пожарот околу полигонот е локализиран

Од:

Локалната самоуправа од Неготино заедно со армијата и противпожарните единици го локализираа пожарот во граничниот реон на Армискиот полигон Криволак.

Армискиот хеликоптер МИ-8/17 утрово се вклучи во гасење на пожарот и со исфрлени 44 тони вода го стави под контрола. Останува делот во широчина под 1000 до 1500 метри на непристапен терен кој е под надзор на војската.

– Издвоените објекти од посебно значење се осигурани и безбедни на полигонот. Ние имаме стандардни оперативни процедури и направени се широки тампон зони од 10 метри. Воздушната оддалеченост на овие објекти од пожарот е од пет до седум километри. Од денес е вклучен и канадер со кој ќе се локализира брзо пожарот – рекоа за „А1он“ од Армијата.

Би можело да ве интересира

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

Шест активни пожари низ државата и три под контрола

A1on