Изгаснат пожарот кај светниколското село Ќоселери

Од:

Пожарот кај светиниколското село Ќоселери што вчера попладнето зафати површина на десетина ридови и борова шума е изгаснат. Командирот на ТППЕ Свети Николе, Кирил Колев за МИА вели дека вчерашната огнена стихија уништи 300 хектари, од кои 90 хектари се борова шума, 156 хектари ниско стебелеста шума и останатото е сува трева.

-Девет часа го гасневме овој голем пожар што кај нас беше пријавен во 13 часот, а го локализиравме и изгасивме околу 21 часот. Голема помош имавме од Дирекцијата за зшатита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, Доброволното противпожарно друштво во Свети Николе и нашите колеги пожарникари од соседните општини, вели Колев.

Според него, жално е што изгоре голема површина на борова шума, а ер-тракторите како што вели им биле најголемата помош во гаснењето и за да не се прошири пожарот.

Тој истакна дека и денеска рано утринава имале пожар, предизвикан од запалено стрниште што според обемот на зафатеноста е мал.

Во изминатите три недели на територија на општините Свети Николе и Лозово се случиле вкупно 40 пожари на отворено. Главен фактор за нивното предизвикување се несовесните земјоделци, кои ги палат нивите за подготовка на пролетната седиба.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on