Две лица од Скопје осомничени дека извршиле тешка кражба во Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар почна постапка против две лица, жители на Скопје, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

„Осомничените на 26 февруари на улица во Гостивар пресретнале лице кое кај себе во тој момент имало 1.200 евра и 6.500 денари. Притоа му пристапиле како просјаци и од него побарале пари. Оштетениот извадил пари за да им даде, по што тие на дрзок начин му ги одзеле сите пари што тој ги имал кај себе и побегнале. Подоцна биле откриени и фатени, а парите се вратени на оштетениот“, соопштија од ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Горан Наумовски

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он