Власта губи и затоа е во паника, заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ е последица на заевизмот, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, како одговор на новинарско прашање како опозцијата гледа на договорот помеѓу Ахмети и Заев за заеднички кандидат на претседателските избори.
„Кандидатот е последица на заевизмот. СДСМ распиша оглас за избор на претседател, но го заборави и сега го негира. Време е заевизмот да се уништи и ќе се уништи преку негов пораз на изборите, граѓаните ќе го уништат заевизмот и победник на изборите е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и Македонија ќе има жена претседател и токму така преку овие избори ќе му се зададе финалниот удар на заевизмот“, рече Стоилковски.